Се тврди дека Путин има свој “план за Сирија”, околу кој засега само се погодува. Експертите сметаат дека тој кова сопствена коалиција против исламистите од ИД, за да добие отстапки во украинското прашање.

0,,15717987_401,00

Позицијата на портпаролот на рускиот претседател Путин не беше од најпознатите категорични: “Немам никакви информации за такво нешто”, изјави тој во одговор на прашањето дали Русија ја проширува воената помош за Сирија. Самиот Путин изјави во почетокот на неделата дека размислува различни опции , но воената интервенција на Русија во борбата против терористите од “Исламска држава” уште не била на агендата. Од почетокот на септември се множат информациите дека Русија најверојатно префрлила војници во Сирија за да ја поддржи сириската владина армија во борбата против ИД. Некои извори се повикуваат на информации од социјалните мрежи, каде имало селфија на руски војници во Сирија. Во други информации се вели дека Русија пренела по море многу нова воена техника во Сирија, каде сакала да изгради и своја воено-воздушна база.

Нови оружени испораки?

Вистински докази за сето тоа сепак нема. Бидејќи не е тајна дека Русија е сојузник на Асад и дека во Сирија одамна има руско воено присуство. “Затоа е сосема природно во Сирија да има и руски војници. Тие се наоѓаат таму уште од 1955 година и вршат различни задачи. Сириската армија на пример е целосно вооружена со руски оружја, кои треба да се одржуваат”, вели Алексеј Малашенко од московскиот центар ” Карнеги “.

0,,18671959_303,00

Владите во Москва и Дамаск всушност се сојузници не од вчера. Русија има своја поморска база во сирискиот град Тартус. Од почетокот на граѓанската војна во 2011 година, Русија го поддржува режимот во Дамаск како политички, така и со постојани оружени испораки. Руската влада сега се обидува да ги оправда овие оружени испораки со борбата против ИД. Неодамна турските медиуми објавија дека на Сирија биле доставени шест модерни борбени авиони МиГ-31. Рускиот производител сепак ги негираше информациите. САД дури ја предупредија Русија да не презема воена акција во Сирија. Американскиот министер за надворешни работи Џон Кери разговарал по телефон со рускиот колега Сергеј Лавров. Кери изјави дека проширувањето на воената помош за сирискиот претседател Асад може да ги влоши тензиите дополнително.
Рускиот експерт Александар Голтс не верува дека Москва ќе се ангажира воено во Сирија токму во овој момент. Тој сепак не исклучува руска воена интервенција во иднина: “Се е можно со оглед дека во Русија одлуките се донесуваат од еден човек”, вели Голтс. Според него воената интервенција на Москва би имала смисла, ако со неа може радикално да се промени текот на војната. Тој сепак не верува дека денешна Русија е во можност да испрати толку војници, за да ја победи ИД во Сирија и Ирак. Ако сепак го стори тоа, ќе ги игнорира меѓународните и сопственото искуство од Авганистан во 80-тите години на минатиот век.

Алексеј Малашенко исто е на мислење дека евентуалната руска воена интервенција во Сирија ќе биде “голема грешка”. Слична интервенција, според него, не би имала изгледи за успех, а и тешко ќе биде одобрена од руското општество.

Останува впечаток дека информациите за руско воено присуство во Сирија се појавија само неколку недели пред широко рекламираниот говор на рускиот претседател на Генералното собрание на ОН. Од почетокот на август се зборува и за некаков план на Путин, кој шефот на Кремљ сакал да го претстави во Њујорк. Засега е познато само дека Русија сака да состави меѓународна коалиција против ИД. Таква коалиција всушност веќе има, но под американско раководство, затоа Русија не сака да се приклучи кон неа.

Каде цели Москва?

Од пред неколку недели руската влада презела дипломатска офанзива. Во август министерот за надворешни работи Лавров изјави дека се уште не е постигнат договор за прашањето со САД. Русија преговара и со земјите од Блискиот Исток, пред сè со Саудиска Арабија. Изгледа дека досега овие преговори не дале резултати. Русија сака да го задржи на власт сирискиот претседател, додека Западот а најмногу САД го обвинуваат Асад за граѓанската војна и инсистираат на негова оставка.

Во руските медиуми се појавија и шпекулации околу друга можна опција. Весник “Новаја газета” напиша овие денови, дека во замена за помош против исламистите од ИД, Путин сака компромиси на Западот во украинскиот прашање. Москва сака “да се прекинат санкциите и да се врати во клубот на западните држави”, пишува весникот. Путин сакал да замине за Њујорк со овие предлози. Алексеј Малашенко сепак смета дека Путин сака првенствено да го задржи на власт својот сојузник Асад, а не толку да се бори против ИД. Експертот исто така, тврди дека руската помош за Асад крие ризици и прашува:

“Што ќе се случи со имиџот на Русија, ако Асад сепак падне од власт?

Блискоисточни експерти во Москва се убедени дека без поддршката на Москва Асад едвај ќе може да се задржи на власт. Георгиј Мирскиј од Руската академија на науките ја нарекува Сирија” безнадежен случај “. Меѓутоа, тој верува дека Путин ќе стори сé за да го задржи сирискиот диктатор на власт.

Слични содржини