Секое едно нешто во човекот го “издава” карактерот, вкусот и преференциите.53ac87cb5683897a33e0b0ccd8278c1d

На ист начин на кој можеме да донесеме заклучоци за некоја личност по начинот на кој се облекува, шминката открива некои карактеристики.

Макар и да не ни се верува, селекцијата накозметички производи и начинот на кој избираме да ги нанесеме, може да создаде погрешна идеја во околината за самите нас.

Или пак правилна.

Бидејќи еднен од најголемите таленти е самопроценката и трезвената идеја за тоа каков впечаток оставаме кај другите. Погледнете што зборува одредениот избор и нареден пат одбирајте внимателно.

1. Премногу шминка

Ако не работите во некоја исклучително креативна сфера како козметиката или модата, премногу шминка, вештачки трепки, брокати, силно руменило и неонските сенки можат да го одвлекуваат вниманието на останатите и да ги поттикнат да ве гледаат како незрели и дури инфантилни. Не заборавајте да се облекувате и шминкате според годините. Не обидувајте се да се угледате на помладите, туку бидете жена на место.

2. Неправилна форма на веѓите

Вашите веѓи се исклучително експресивни и зборуваат за вас како лик многу повеќе отколку што мислите. Добро исцртаните, густи и убави веѓи создаваат чувство во другите за самодоверба и сигурност. Острите агли кај веѓите ги тераат луѓето да ве гледаат како агресивен и често премногу трвдоглав карактер.

3. Несовршености на кожата

Студиите покажуваат дека дамите кои одат на интервју за работа со дамки од фон де тен или извалкани од римелот даваат многу пониски резултати и ретко преминуваат кон следното ниво или да ја добијат самата работа. Внимавајте како нанесувате шминката и прикривајте ја секоја несовршеност.

4. Бои

Многу распространет е фактот дека носењето на црвен кармин се перцепира од страна на работодавците, како симбол на доверба, енергија, страст, сила и возбуда. Ако ги почитувате кое и да е од овие тврдења, задолжително размислете за тонот, кој ќе оди на комбинацијата со бои од косата, кожата и очите. Синото прикажува  доверба, искреност и лојалност, а розовото го нагласува животот во вас и вашата женственост. Која и од боите да ја изберете, не заборавајте дека не треба да претерувате.

5. Еден акцент

Многу важен елемент при шминката е поставување само на еден акцент. Ако сакате тоа да бидат очите одберете кармин во месо боја, балсам или само сјај. Во никој случај не претерувајте и не обидувајте се да создадете ново лице на вашето.

Слични содржини