Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц побара Велика Британија уште во вторник да поднесе молба за излегување од Европска унија по одлуката на Британците за Брегзит.

1398453392_2

– Сега очекуваме британската Влада да премине од зборови на дела. Самитот во вторник е соодветен момент за тоа, посочи Шулц за „Билд ам зонтаг“.

И други високи претставници на ЕУ апелираа Велика Британија брзо да ја напушти Унијата за да се избегне период на несигурноста за останатите 27 земји-членки.

Во меѓувреме, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека по одлуката на Британците важно е Унијата да покаже единство во борбата против растечките глобални предизвици.

– Целта, дури и постоењето на нашата Унија се доведени под прашање. Сепак, на нашите граѓани и на светот потребна им е силна ЕУ како никогаш порано, истакна Могерини.

Слични содржини