Шулгин: Сценариото во Дума го подготви Вашингтон

од Vladimir Zorba

Провокативното сценарио во Сирија  го подготови Вашингтон, изјави постојаниот претставник на Русија во Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ), Александар Шулгин на денешната седница на ОПЦВ.

– Се се развиваше според сценариото, кое  однапред го подготви Вашингтон. САД, Велика Британија, Франција и уште некои држави брзо ја обвинија сириската власт по лажните вести од „Белите шлемови“, изјави Шулгин.

Тој додаде дека, потоа се издадени „бучни“ соопштенија дека постојат некои доверливи податоци дека сириската Влада повторно сторила злосторство против сопствениот народ и оти тоа не смее да мине неказнето.

– Не им пречеше што ситуацијата беше апсурдна, бидејќи Источна Гута всушност беше ослободена и постигнат беше договор со последните екстремистички групи во Дума дека ќе им биде обезбеден хуманитарен коридор, за да имаат безбеден премин, заедно со своите семејства, да отидат во провинцијата Идлиб, рече Шулгин.

Тој, видео записот објавен по наводниот напад со хемиско оружје, го нарече провокација и рече дека „псевдохуманитарната невладина организација, како што е „Белите шлемови“, ја направила снимката.

– Ниту еден сведок ниту пациент во болница не е пронајден. Не се пронајдени никакви траги од хемиско оружје. Успеавме да ги најдеме тие кои учествуваа во создавање на овој лажен видео запис, кој е прикажан како доказ за напад со хемиско оружје“, рече Шулгин на денешната сеница на ОПЦВ.

Слични содржини