Швајцарски весник: Од каде Харадинај има толкаво богатство?

од desk2

Швајцарскиот весник „Ноје цирхер цајтунг“ објави текст во кој пишува за раскалашаноста на косовскиот премиер за дочекот на Новата година со дилема: од каде му толку пари?

„Невозможно е да се сокриеш од политичките противници во Косово. Тоа пред десет години го искусија сведоци кои сакаа да сведочат против Рамуш Харадинај, а потоа замолкнаа. Харадинај два пати е ослободен за воени злосторства и денес е премиер на земјата. Но, сега мораше сам да сфати дека и понатаму е тешко да ги сочуваш тајните во ова испреплетено општество на големи фамилии“, пишува весникот во осврт за „мистериозното богатство на поранешниот господар на војната“, пренесува Дојче Веле.

Харадинај, имено тивко ја прославил новата година со сопругата, трите деца и внукот во Швајцарија „ни повеќе ни помалку во хотелот Карлтон во Санкт Мориц“.

„Поврзаноста со Швајцарија ја дели до многу поранешни кадри на герилските трупи на Ослободителната војска на Косово. Пред да стане воен лидер во регионот на Дукаџин во 1998-99 година, работеше во Романдија како обезбедување во ноќен клуб. Швајцарија се чини логичен избор“, пишува весникот.

„Но, од каде Санкт МОриц и од каде Карлтон’, се прашува истражувачкиот портал Инсајдери.

За една ноќ во 160 квадрати царскиот апартман, кој наводно Харадинај го резервирал, мора да се избројат 5.000 франци. Заедно со новогодишната вечера и други удобности за десетдневен одмор наводно тој потрошил 80.000 франци.

Порталот пренесува дека точниот износ не може да го даде затоа што хотелот не дава податоци. И кабинетот на премиерот молчи. Таму велат дека се работи за приватни трошоци со кои државата нема ништо.

Весникот од Цирих потсетува дека Харадинај неодамна си ја зголеми платата „а тогаш објасни дека има трошоци за облекување во согласност со функцијата“, па сега е најплатен премиер во регионот.

Слични содржини