Швајцарско село нуди 70.000 франци на семејствата кои би се доселиле

од desk2

Жителите на Албинен, мало швајцарско село, на 30 ноември ќе гласаат за политиката на доселување, односно да им се дадат пари на оние кои би се доселиле да живеат во селото, најмалку една деценија.

Малото село има 240 жители, а доживува егзодус поради тоа што младите семејства се иселуваат.

Пикторескното село во долината на Рона, во последните три години го напуштиле три семејства меѓу кои и осум деца, па селското училиште морало да се затвори.

Како резултат на ова, жителите бараат од властите да преземат нешто, па предлагаат да им се дадат пари на луѓе од каде и да е кои би сакале да живеат таму.

Нивниот план е да дадат 25.000 франци за секој возрасен и 10.000 за секое дете што ќе се доселат во селото, под одредени услови.

Тоа се 70.000 франци за четиричлено семејство, а условите се да не бидат постари од 45 години, да живеат во селото барем 10 години, а да купат или да изградат дом од најмалку 200.000 франци, кој ќе биде постојано живеалиште, а не втора куќа.

Парите не мора да се вратат, ако живеат таму следните десет години. Градоначалникот вели дека нема многу можност за наоѓање работа во селото, но поголемите гратчиња се на 6 километри.

Селото е планинско, со многу чист воздух и одлична природа.

Зборови кои не се пронајдени во базата:
Switzerland, wor, Албинен, Пикторескното, доелиле,

Слични содржини