Шварценегер ќе се снима и во Терминатор 6

од Vladimir Zorba

Холувудскиот актер Арнолд Шварценегер најави дека се враќа во улогата на Терминатор во шестиот дел на истоимениот филм. Самиот тој го изјави ова во неделата на филмскиот фестивал во Кан, соопштува “Мирор” (The Mirror). Поранешниот гувернер на американската сојузна држава Калифорнија појасни дека неодамна се сретнал со режисерот Џејмс Камерон, за да разговараат за продолжението на култниот хит.

“Филмот се враќа. Тој се движи напред. Камерон има добри идеи како да продолжи. И јас ќе бидам таму”, изјави 69-годишниот актер.

На 4 април Шварценегер ги демантираше гласините дека се откажува од снимање во продолжението. Токму тогаш тој најави дека со нетрпение очекува предлог да се снима во следниот филм.

Петтиот дел од серијалот “Терминатор: Битие” на режисерот Алан Тејлор излезе на екранот во текот на летото на 2015 и собра во целиот свет 440 милиони долари.

Филмот со Арни, кој се враќа во улогата на робот убиец Т-800, беше примен различно од публиката и критиката. Историјата “Терминатор” раскажува за војната на мрежите управувани од Вештачка интелигенција-суперкомпјутери “Скајнет” и остатоците од поробеното човештво.

Сериите собраа над 1,4 милијарди долари во кината. Првиот дел е снимен од Камерон во далечната 1984 година.

Слични содржини