Актуелно
Почетна / Глобално / Европа / Шведска ја прекина истрагата против Асанж

Шведска ја прекина истрагата против Асанж

Овој ден е важна победа како за мене, така и за системот на ОН за гарантирање на правата на човекот, изјави основачот на Викиликс, Џулијан Асанж од балконот на еквадорската амбасада во Лондон , откако Шведска ја прекина истрагата против него што ја водеше под обвинение за силување, пренесоа француските медиуми.

Асанж, меѓутоа, подвлече дека неговата правна битка не е завршена.

– Суштински војната допрва почнува – рече тој, цитиран од американските медиуми.

Се надевам дека ќе има неизбежна истрага за тоа што се случи, на ужасна неправедност, не само за мене, забележа Асанж и подвлече дека неговото задржување и екстрадирање без покренато обвинение се претворило „во карактеристична црта на Европската Унија“, посочуваат британските медиуми.

Асанж и заблагодари на еквадорската Влада, која му даде азил и го заштити пред силниот притисок .

Основачот на Викиликс ги искритикува западните влади, но подвлече дека е подготвен да почне дијалог со британските и американските власти.

Моите адвокати се поврзаа со британските власти и се надеваме дека ќе почнеме дијалог во однос на најдобриот начин да се оди понатаму.

-И покрај тоа што беа упатени некои крајно заканувачки забелешки, со подготвеност ќе го почнам дијалогот со американското Министерство за правда во врска со тоа што се случи -, додаде тој.