Шведска компанија направи камион без возач и без кабина

од desk2

На годинашната меѓународна изложба на автомобили во Детроит шведскиот стартап Einride го претстави својот електричен автономен концепт автомобил T-Pod, за кој велат дека во целост ќе го смени системот на патничкиот транспорт на стока.


Она што прво ќе го забележите на камионот е што нема кабина, односно воопшто нема да има можност човек да управува со него затоа што сите системи ќе бидат целосно автономни и роботизирани, пренесува Vidi.hr.

T-Pod е долг околу 7 метри, ќе може да превезува стандардни 15 палети, односно вкупна тежина до 20 тони, а работи на електричен погон со батерија со капацитет од 200 kWh, кои овозможуваат да помине до 200 километри со едно полнење. Од Einride засега не изнесува детали за системот за автономно возење, освен дека системот ќе биде систем од ниво 5, односно целосно роботизиран. Токму затоа одлучиле целосно да ја исфрлат кабината за возачот.

Шведската компанија верува дека првите камиони T-Pod ќе почнат со превоз на стока по шведските патишта во 2020 година, додека во 2035 година нивниот удел во патничкиот транспорт во земјата ќе изнесува околу 35%.

Слични содржини