Шведската новинарка несреќно загинала на подморницата, Мадсен го фрлил телото во морето

од desk2

Сопственикот на подморницата Петер Мадсен, кој е обвинет за смртта на исчезнатата шведска новинарка Ким Вал, сега вели дека го фрлил нејзиното тело во морето, откако таа починала на подморницата, потврди полицијата во Копенхаген.


„Обвинетиот и кажа на полицијата и на судот дека се случила несреќа на подморницата што пја предизвикало смртта на Ким Вал, а дека тој го фрлил телото во морето на неодредена локација некаде во заливот Коге. Полицијата на Копенхаген потврди и дека сегашните обвиненија се на сила. Нема информации за истрагата која се води зад затворени врати“, стои во полицискиот извештај.

И шведските и данските морски служби сега го мапираат патот на подморницата која тргнала од Оресунд Страит и заливот Коге, во четвртокот вечерта на 11 август, за потоа да потоне и да бид енајдена ругиот ден во 1о часот.
Потрагата по телото на новинарката продложи и во понеделникот, на двете страни данската и шведската.

За време на викендот водите биле истражувани со сонар, но и со бродови и со хеликоптер.
Новинарката Вал исчезна откако на 10 август се качи на 18-метарската подморница Наутилус, за да направи интервју со сопственикот и изумител Петер Мадсен.

Откко потона подморницата тој беше обвинет за убиство на новинарката и му беше отреден 24 дневен притвор.
Тој до скоро тврдеше дека ја симнл на брегот на едно островче Вал, а потоа продолжил се до потонување на поморницата.

Слични содржини