Шведските затвореници бараат подобра тоалетна хартија

од desk2

Затворениците во шведскиот затвор Салберга, до омбудсманот се пожалија на слаб квалитет на тоалетната хартија и бараат подобра.


Според нив лани бил сменет добавувачот на тоалетна хартија и сега тие добивале тоалетна со помал квалитет.

Претходно, затворениците земаа тоалетна хартија од купот, а сега има се дозволени само две ролни во неделата.
Тоалетната е тврда, неудобна и еднослојна, се жалаат затворениците.

„Како затвореник мора да јадеш затворска храна што ти се нуди, тоа предизвикува дополнителен стрес, грижа и влијае на нормалната функција на стомакот, што доведува до почеста посета на тоалетот, па се троши повеќе хартија“, велат затворениците.

Тврдат и дека кога го спомлане проблемот пред затворските чувари тие им рекле дека ќе мора помалку да какаат.
Лани, затворениците од Салберга од омбудсманот бараа повеќе активности, како правење божиќни честитки, часови по гитара, и сликарство и друго.

Тогаш затворот одговори дека не се во можност да ги обезбедат тие активности поради реновирањето на затворот, а омбудсманот го прифати објаснувањето.

Слични содржини