Швеѓанец се борел за три различни армии и во секоја од нив станал воен херој!

од desk2

Кога Лери Торн во 1954-та година се пријавил во американската армија, тој веќе бил воен херој, но во некоја друга земја, а не во Соединетите Американски Држави.

Неговото вистинско име било Лаури Торни, бил Швеѓанец и голем дел од својот живот го поминал борејќи се за три армии. Тој бил роден во Финска во 1919-та година и на само 19 години бил мобилизиран за да се бори во Зимската војна од 1939-та до 1940-та година помеѓу Финска и СССР.

Тој веднаш напредувал до ранг на капетан и така ја дочекал и Втората светска војна кога продолжил да се бори против СССР заедно со армијата на Финска и Нацистичка Германија. Во 1944-та годин бил одликуван со најголемиот Медал на честта кој што го добиваат војници во Финска за прикажана голема храброст на фронтот.

Сепак, за негова несреќа, Финска паднала под комунистичка власт, по што тој успеал да побегне и да се приклучи на германските „СС“ дивизии за да може да продолжи да се бори против Советите.

https://www.youtube.com/watch?v=u9i6isVcjWw

Откако Германија капитулирала, тој бил заробен од Британците, а финските власти го осудиле на шест години затворска казна поради предавство иако бил одликуван воен херој. Сепак, тој отслужил половина од казната и во 1948-ма година бил помилуван од финскиот претседател.

Во јуни 1950-та година американскиот Конгрес усвоил закон кој им дозволувал на странците да се приклучат на американската армија и служејќи пет години да добијат американско државјанство. Многумина тргнале кон „ветената земја“, а меѓу нив бил и Торн.

Подготвениот и искусниот војник веднаш се издвоил од останатите војници и за кратко време дури и станал инструктор. Тој набрзо го добил и чинот капетан, по што бил испратен на фронтот во Виетнам каде што меѓу припадниците на Специјалните сили важел за жива легенда.

https://www.youtube.com/watch?v=CwHaL2eeoKg

Тој во октомври 1965-та година бил во хеликоптер кој што се срушил над Јужен Виетнам и најпрвин бил прогласен за исчезнат, а потоа и за мртов. Сепак, поради неговото огромно искуство и статус на легенда, малкумина верувале дека тој е загинат, затоа што телата на сите војници од хеликоптерот биле пронајдени, освен неговото.

Сепак, остатоците откриени дури во 1999-та година и податоците од ДНК анализата потврдиле дека станува збор за Лари Торн и тие биле погребани со високи воени почести во САД во 2010-та година.

Слични содржини