Си Џинпинг: Кина нема да дозволи независност на Тајван

од desk2

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека неговата земја „има одлучност, самодоверба и способност” да го порази секој обид на Тајван да стане официјално независна држава.

На денешното отворање на националниот конгрес на Комунистичката партија на Кина, тој истакна дека Пекинг ќе продолжи да се обидува со мирни средства да го врати под своја контрола Тајван, но никогаш нема да дозволи отцепување на кој и да е дел на Кина.

Тајванската влада, по говорот на Си, порача дека 23-милионското население на Тајван има право само да одлучува за својата иднина и дека демократскиот систем е основна вредност на Тајван.

Слични содржини