Си замина уште една светска филмска ѕвезда – Бил Пакстон!

од desk2

Актерот Бил Пакстон починал од компликации по операцијата.

Почина американскиот актер Бил Пакстън кој го одигра истражувачот Брок Лов, кои ги откри остатоците од Титаник, во истоимениот филм за бродот на Џејмс Камерон во 1997 година.
Тој добил компликации по операцијата, спроведена пред неколку дена.
Бил Пакстон е роден на 17 мај 1955 година во Форт Ворт, Тексас, во семејството на Мери Лу и Џон Лејн Пакстон. Неговото вистинско име е Вилијам.

Мајка му е домаќинка, а неговиот татко е бизнисмен, продавач на дрва, уредник во музеј и статист во различни филмски продукции.

Добитник е на две награди “Сатурн” и номиниран за “Еми”, три награди “Сателит” и четири награди “Златен глобус”.

Познати филмови во коу играло се “Дојденци”, “Предатор 2”, “Аполо 13”,, “Титаник”, “На работ на утрешниот ден” и сериите “Голема љубов”, “Хетфијлд и Маккол”, “Агентите на штит “и други.

Слични содржини