Сиара е бремена

од Vladimir Zorba

R & B пејачката Сиара и спортската ѕвезда Расел Вилсон го очекуваат своето прво дете заедно. Убавата двојка, која организираше раскошна свадба пред три месеци во англиски замок, ја сподели среќната вест преку Instagram по повод роденденот на Сиара.56411d014ff09173bf6d0e7e0d693a6e

Бремената ѕвезда сподели романтична слика со нејзиниот сопруг, под која напиша: “На овој посебен роденден добив изобилство од љубов од пријателите и семејството. Возбудена сум да ви кажам дека еден од најголемите дарови на овој ден е оној кој само Бог може да ми го даде. ”

Вилсон пак додал: “Најголемиот благослов за сите нас! Исклучително благодарен сум. ”

30-годишната пејачка има 2-годишен син Захир од поранешниот сакан – раперот Фјучер.

Неодамна Сиара беше прогласена за амбасадор на козметичката марка Revlon. Близок до идните родители открива дека 27-годишниот фудбалер од “Сиетл Сихоукс” (тим во американски фудбал од Сиетл, САД) сака две-три деца од неговата убава жена.

Фото: Revlon

Слични содржини