Сигурни знаци дека тој нема да ви предложи брак

од Vladimir Zorba

Бракот е нешто во кое жените веруваат повеќе отколку мажите. Секоја вљубена жена, која е убедена дека тоа е вистинскиот партнер, мечтае тој да ѝ предложи брак на најромантичниот начин и да живеат среќно. Соништа понекогаш се разминуваат со реалноста.
Фиксирани во идејата да склучиме брак со одреден партнер, понекогаш ги затвораме очите пред вистината. Видете неколку знаци, дека тој нема да ви предложи да се омажите за него.

Секој пат кога ќе се спомене можноста да склучите брак, тој почнува да се смее или брзо ја менува темата.
Тоа е јасен знак дека партнерот нема интерес да се поврзе со вас долгорочно и дефинитивно не очекувајте романтичен предлог со прстен.

Вели дека не верува во брак.
Кога еден маж вели дека не верува во идејата за бракот, вистината е дека тој не верува во брак со вас. Нешто повеќе – тој веќе донел одлука за себе. За вас останува да помислите дали сакате односи на вонбрачни начела во најдобар случај или е време да побарате нов партнер/ка.

Зборот “брак” го тера да заземе дефанзива.
Секој пат кога ќе споменете нечија свадба или се навестува за вас двајцата и иднината како сопрузи, тој станува раздразлив и се однесува одбранбено. Оваа реакција јасно сугерира дека двајцата нема да стигнете до големото “Да”.

Кога зборувате за иднината, неговите планови не почнуваат со ние.
Тоа е затоа што вашиот партнер не гледа на вас како дел од неговата иднина. Исто така не е заинтересиран за вашите планови, соништа, од тоа како си ја претставувате вашата врска заедно.

Можеби е време и вие да помислите за вашата подобра иднина.

Неговите ставови за бракот или жените не се согласуваат со вашите.
Ако еден маж гледа на бракот како на смртна казна или стапица, во кој жената го користи, контролира, сака да земе имотот и парите, тој никогаш нема да ви предложи брак. И во никој случај не гледајте причина во себе, само тоа не е вашиотпартнер.

Не може да донесува одлуки
Неговата одлука да не ви предложи брак, може да не е поврзано конкретно со вас како партнерка. Можеби тој едноставно е неодлучен, кога станува збор за донесување на важни одлуки. Дали навистина сакате да бидете со него?

Секогаш наоѓа изговори
Кога ќе се проговори за можноста да склучите брак, тој секогаш наоѓа некакво извинување тоа да не се случи во блиска иднина. Започнувањето на нова работа, изнаоѓање на попрофитабилна работа, желбата да развива успешна кариера, купувањето на живеалиште и т.н. се само дел од оправдувањата, јасните знаци кои велат дека тој нема да ви предложи брак.

Слични содржини