Според последните анкети тинејџерите денес не се толку заинтересирани за секс, како некогашните врсници.9fe1137b50c97a03f2d686a62600be31

Податоците доаѓаат од Центарот за контрола и превенција на американското МЗ.Забележано е дека само 41% од испитаните 16 илјади средношколци имале сексуални контакти во 2015 година. Во претходната процентот бил 47, што покажува јасен одлив на младинското либидо.

И уште нешто чудно – само 43% од момчињата имале сексуални контакти. Кај девојките падот е до 39%.

Според информација на AP, истражувачите се изненадени од “силниот пад” во сексот кај средношколците. Бил Алберт, портпарол на Националната кампања за превенција на непланирана бременост кај тинејџерите, се претпоставува дека станува збор за поместување на приоритетите. Изгледа за младите е поинтересно да си пишуваат во мрежата, отколку да се забавуваат во кревет заедно.

Всушност нема јасна причина зошто тинејџерите кои тоа го сакаат, се намалиле за 6%. Не е јасно што одвлекува сексуалниот интерес.

“Многу е веројатно тоа што е резултат на премногу слободно говорење за прашањата на интимниот, сексот стана норма”, коментираат истражувачите – “Но, во тоа нема ништо лошо – треба да се зборува уште послободно за сексот”.

Се претпоставува дека необичниот тренд кај младите е само губење на интерес. Сексот веќе не е толку голем фактор.

“Во времето ние се дистанциравме од сексот, го објавивме  за табу, кон кое адолесцентите денес се стремат”, смета Бет Маршал, научник од Универзитетот “Џон Хопкинс”.

Слични содржини