Силен земјотрес крај Измир, следеа уште 3 потреса

од Vladimir Zorba

Силен земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во турската провинција Маниса, источно од Измир.

Тоа покажува референцаата објавена на сајтот на Европскиот сеизмолошки центар. Земјотресот е на 13 километри длабочина. По силниот земјотрес во источниот дел на земјата се регистрирани уште 3 земјотреси, но со послаб интензитет.

Во моментов нема податоци за настрадани или причинета материјална штета. Шефот на турската Црвена полумесечина Керем Киник соопшти на Твитер дека координативниот центар за вонредни ситуации прави проценки. Од владината служба за катастрофи и кризи (AFAD) наведуваат дека земјотресот се случил во 15:53 ​​часот по Гринич.

Слични содржини