Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени го погоди централниот дел на Чиле

од Vladimir Zorba

Земјотрес со јачина од 7,1 степен, според Рихтеровата скала, денеска го погоди Чиле, во близина на главниот град Сантјаго, соопшти американскиот геофизички институт. 

Епицентарот на земјотресот, што се почувствувал во зградите во Сантјаго, бил на 35 километри западно од крајбрежниот град Валпараисо на 10 километри под морското дно.

Властите во Чиле дадоа наредба за превентивна евакуација во крајбрежниот регион до Валпараисо, но набрзо ја откажаа бидејќи Тихоокеанскиот центар за предупредување за цунами објави дека не се очекува цунами како последица од земјотресот.

Според првичните информации нема жртви, ниту материјални штети

Слични содржини