Силите на НАТО ќе останат во Косово, додека е неопходно

од Vladimir Zorba

Формирањето на Армијата на Косово е внатрешно прашање на косовските институции, но тоа треба да се изврши со промени во Уставот, како и во соработка со меѓународната заедница, изјави во Приштина командантот на силите на НАТО во Европа, генерал Кертис Скапароти.

На заедничката прес-конференција конференција со командантот на силите на НАТО КФОР во Косово Џовани Фунго, тој го повтори својот став дека силите на Алијансата ќе останат во земјата, додека е потребно. Претходно, на состанокот со косовскиот претседател Хашим Тачи, Скапароти посочи дека воениот блок е решен да остане во Косово, за да се обезбеди мир и стабилност во регионот. Тачи додаде дека улогата на НАТО во Косово била клучна не само за стабилноста, но и за соработката во сите заедници.

Тој  го информираше Скапароти со политичката ситуација во земјата, подвлекувајќи дека спроведените предвремени парламентарни избори на 11 јуни биле фер и демократски. “Сега сме во процес на создавање на институции кои ќе бидат мултиетнички и со јасна евроатланска ориентација”, истакнал Тачи.

Слични содржини