Симптоми за различните видови рак

од Vladimir Zorba

Ракот во повеќето случаи е тивок убиец. За жал, кога симптомите ќе станат премногу очигледни, тогаш обрнуваме внимание на своето здравје. Но, тогаш може и да е доцна.
Постојат некои посебни симптоми кои никогаш не треба да ги одминеш. Тие се карактеристични за различни видови на рак и можат да спасат животи, додека ги забележиме навреме. Кои се тие?

Промена во видот, големината или структурата на бемка
Промена во работата на цревата
Промена во мочниот меур (често мокрење или пак обратно)
Необјаснета кашлица или дрезгавина во гласот и грлото
Рана која не заздравува
Необјасниво слабеење
Тешкотии при голтање
Распространета или локализирана болка за која немате објаснување
Необјаснети  испакнатини по телото, особено околу лимфните јазли
Необјасниво крварење

Овие симптоми можат да се однесуваат и на други состојби. Затоа често луѓето не им обрнуваат доволно внимание и ги запоставуваат додека не стане предоцна.

Други симптоми на кои треба да се посвети поголемо внимание порано се:
Недостаток на воздух
Вртоглавица
Главоболка
Болки во грлото, што не се опоравуваат долго време
Палпитации или забавен пулс
Чувство на замор, недостаток на енергија
Болки во градниот област
Болки во стомачната област

Ако почувствувате некој од овие симптоми е задолжително да се консултирате со лекар, кој ќе процени дали се однесуваат на канцерогени формации или друг проблем кој не е така опасен по живот. Не одложувајте и не се самолекувајте.
Овие симптоми се аларм сигнал кој нашето тело го испраќа. Обрнете им внимание, но не брзајте веднаш да мислите дека имате рак. Дури и ракот да е причина за нивната појава, навремената реакција е клучна. Раната дијагностика спасува животи. Не ги пропуштајте редовните прегледи кај специјалисти.

Слични содржини