Синдикална сага

од desk2
Нема крај на синдикалната сага. Четирите најголеми синдикати кои беа исфрлени од зградата на ССМ денеска повторно повикаа полиција. Тие добиле дојава дека нивните канцеларии се обиени, а нивните работи изнесени од зградата, информира ТВ24. 
„Се собравме по добиениот повик од наши подржувачи, каде сме известени дека Митревски не иселил насилно со се сите документи од нашите канцеларии“ – вели Дарко Димовски в.д. претседател на ССМ.
Живко Митревски останува на ставот дека синдикалците се легитимно отстранети од зградата.
„Согласно законските процедури и Статутот на ССМ на тие синдикати им престанува правото на користење на нивниот инвентар. Со оглед на тоа што не го подигнаа од службите кои се грижат за зградата, во процедура се иселени од надлежни служби за што и добија информации каде можат да го подигнат инвентарот.“ – вели Митревски.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини