Синдикатите против зголемување на старосната граница за пензионирање

од desk4

Да не се зголемува старосната граница за пензионирање – бараат од независниот синдикат на градежници и камионски транспортери. Во држава во која повеќе од 30 проценти се невработени, а 10 проценти од работниците не добиваат плата апсолутно неприфатливо е продоложување на работниот век, велат од синдикатите за ТВ24.

„Апсолутно сме против зголемување на работниот век. Што сакаат? Директно од работни места да не носат со ковчези? Тоа ние, независните синдикати нема да го дозволиме“, велат од  Независен синдикат на градежници и трговци во градежништвото.

„Кога Македонија ќе има слободни места, а ќе нема работници како работна сила, тогаш може да правиме зголемување на работниот век. Во ниедна друга ситуација синдикатот не може да дозволи зголемување на работниот век,туку напротив, мора до крајот на оваа година да биде донесен закон со кој мажите во Македонија ќе одат во пензија на 60 години, а жените на 55 години“, изјави  Страшо Јованов – Независен синдикат на камионски транспортери МКАМ Транс.

Од синдикатите се пожалија и дека се уште немаат одговор од министерството за труд и социјална политика во однос на нивните барања меѓу кои и барањето за бенефициран стаж.

Зголемување на старосната граница за пензионирање препорачаа и од ММФ, како начин да се покрие дупката во пензискиот фонд. При зголемувањето на пензиите пресудна треба да биде инфлациската стапка, а не порастот на платите беше препораката на шефот на мисијата на ММФ.

 

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини