Синдикатот на Југохром бара средба со техничкиот премиер Димитриев

од Vladimir Zorba

Синдикатот на Југохром последен пат бара средба со техничкиот премиер Емил Димитриев. Во спротивно најавија ќе протест.

Бараат средбата да се одржи најдоцна до понеделник. Вработените во тетовски Југохром го потсетуваат Димитриев дека најавениот протест бил одложен само за да не дојде до влошување на сложената политичка состојба.

Димитриев не одговори на претходното барање за средба. Во сооштението на синдикатот се вели дека Владата имала доволно време да оформи став, но тоа не го направила. Вработените во Југохром веќе трет месец се без плати и без пензиско и здравствено осигурување./24вести

Слични содржини