Синдикатот на локалните власти во Грција за утре најави штрајк

од Vladimir Zorba

 

Синдикатот на вработените во локалните власти во Грција за утре свика штрајк на национално ниво со кој бараат да им се исплатат заостанатите плати.

Во рамките на штрајкот,  вработените во локалните власти нема да работат до 13 часот и 30 минути, до кога и повеќето работат со странки.

Грчката новинска агенција АНА-МПА јави дека членовите на синдикатот утре изутрина ќе се соберат пред Министерството за труд во Атина каде вработените по договор ќе бараат исплата на заостанатите плати.
Некои од работниците тврдат дека не зеле плата два месеци

Слични содржини