Синдикатот во најголемата чешка автомобилска фабрика „Шкода“ издејствуваа најголеми зголемувања на платите од трансферот кон групацијата „Фолксваген“, а тоа е просечна плата од 2.000 евра, како и специјален бонус во мај од 2.600 евра, што е за 46 отсто повеќе од минатата година.

Платите за 25.000 матични, од вкупно околу 30.000 работници, колку што има Шкода, ќе се зголемат за 12 отсто.

– Ова е најдобриот резултат од преговорите на синдикатот КОВО, од преминувањето под „Фолксваген“. Априлската плата, кога ќе се пресметаат сите зголемувања, додатоци за прекувремена и ноќна работа и бонуси кај повеќето работници на „Шкода“ ќе достигне 4.000 евра, што е навистина богата исплата, изјави Јарослав Poвшиќ, претседател на синдикатот.

Слични содржини