Синестезија: Која боја има оргазмот?

од Vladimir Zorba

Синестезијата е редок феномен во кој сетилата се спојуваат – синестетите, како се викаат луѓето со таа абнормална состојба можат на пример да слушаат, да гледаат боја, да почувствуваат мириси, допир и итн.
Затоа поставува важно прашање за науката: Што е секс, ако си синестет?

Благодарение на неколку испитувања, веќе имаме одговор. Постојат различни видови синестезија.

Кај најчести појави луѓето ја гледаат секоја буква или бројка во одредена боја. Во други случаи, невообичаено зборовите имаат вкус, или допирот има одреден звук. И бидејќи во сексот учествуваат сите сетила, можеме да претпоставиме дека за синестетите искуството е уште повеќе возбудливо.

Сетилата се испреплетуваат на најразлични начини, а сексуалната возбуда и оргазмот имаат визуелни и какви ли не уште димензии.

Тоа сепак не се случува кај сите. Маркус Зедлер од Хановерската медицинска школа решава да истражува какви се разликите во сексуалното доживување при синестетите, во споредба со повеќето од нас.

Откако учесниците во истражувањето пополниле различни прашања во врска со сексуалните чувства и синестетични искуства, тој заклучил дека синестетите “изгледа искусуваат подлабоко состојба на сексуален транс, без да чувствуваате поголемо задоволство за време на сексуален однос”.

Особено љубопитни се “примерните цитати”, во прилог на истражувањето – извадоци од анкетите спроведени со луѓе кои имаат сексуална синестезија. Тие се подредени според фазите на сексуална реакција:

Почетната фаза “е со нијанса на портокалово,” по што со зголемува и при возбудата “станува посветла” и “првичната магла се претвора во ѕид”. За време на оргазмот “ѕидот избувнува”, има “кружни структури” и “синкавиолетофви тонови”. Последната фаза “варира помеѓу розова и жолта”.
Неодамна научниците открија дека повеќето луѓе во одредени моменти и во одреден степен доживуваат синестезија но кај некои тоа е јасно и постојано.

Слични содржини