Синот на грчки милијардер и сопственик на “Џамбо” згази жена и дете и загина со пријател со брзото Порше (фото / видео)

од Vladimir Zorba

Семејство застанало  на паркинг за  да искористи еден тоалетите крај автопатот и мажот гледал како неговата  жена и дете  гинат пред неговите очи

– “Тие застанале до  тоалетите и врз нив удрило  Порше, и ги однело во смрт …”, рекол очевидец  возач, сведок на крвавиот настан. Фаталниот инцидент се случи непосредно пред 16:00 на 83-ти км на национален пат Атина – Ламија, во близина на Теба.

Honda Civic, автомобил, во кој се возеле семејство застанало на паркингот каде имало тоалети. Возачот отишол во тоалет и ја оставил во автомобилот жената  со нивното бебе. Додека се вратил автомобилот Порше со многу голема брзина удрил во нивниот автомобил кој стоел на паркингот. Двата автомобили  веднаш пламнале. Мајката и бебето умираат трагично. Загинати се и другите две лица од Поршето.

“Таткото едноставно слушнал  удар, ” тресење “, светлина од тоалетите и видел две коли како горат. Мажот се стрчал да им помогне на жената и детето, но тоа било  човечки невозможно”, велат очевидци. “Неверојатно е што се случи. Запре за  тоалет и дојде Поршето на смртта. И тоа се случува  на паркинг, а не на патот … “, раскажува шокиран возач кој бил сведок, на инцидентот.

Подоцна е утврдено дека Поршето  било  возено од Јоргос Вакакис, еден од синовите на грчкиот милијардер Апостолос Вакакис, пренесе РИА Новости. Јоргос се  вратил за одмор од САД, каде што е студент, со свој пријател патувал за Делфи. Двајцата загинале на место, бидејќи при ударот двете возила се запалиле.

Дозволена брзина за движење по автопатот е 120 километри на час, но Поршето јурело  како диво, сведочат очевидци.

Апостолос Вакакис, таткото на загинатиот, е сопственик на синџир од над 80 продавници “Џамбо” во Грција и цела Европа. Приходот во 2016 година  му бил 782 милиони евра .

Слични содржини