Синот на Ратко Младиќ: Не сме задоволни од пресудата, ова е одлука на НАТО комисија

од desk2

Адвокатот Дарко Младиќ, син на осудениот за воени злосторства Ратко Младиќ, по изрекувањето на пресудата за доживотен затвор за неговиот татко рече дека не е задоволен од неа, а дека правдата е заменета со воена пропаганда.

„Ратко Младиќ во судницата, за време на изрекувањето на пресудата, рече дека се што се случува во судницата е лага, дека не му суди Хашкиот трибунал, туку НАТО комисија и дека 40.000 српски жртви судот ги игнорира сите овие години“, рече Дарко Младиќ, додавајќи дека мора да каже оти на Западот нема ништо ново.

Истакна дека телото кое се нарекува трибунал за злосторствата во поранешна Југославија не успеало во мисијата затоа што ги занемарило српските жртви.

„Денеска сведочевме како правдата е заменета со воена пропаганда. Фактите се занемарени“, рече Младиќ.

Додаде дека неговиот татко пратил порака дека „граѓанската војна е криминализирана“, за да се заштитат себеси одредени поединци.

„Ратко Младиќ го нема во Сирија, Украина, Авганистан и други земји кои се во криза. Никој не одговараше за тие злосторства“, вели Младиќ.

Слични содржини