Синот на Синди Крофорд ја превзема модната писта

од desk3

Неодамна синот на Синди наполни 18 години, а неговата кариера на модел со секој нов ден скока нагоре. По неговото учество во шоуто на Balmain и учсеството во промо видеото на новата колекција на француската модна куќа, каде се здружил со рускиот модел Саша Лас името на Присли стана особено популарно.

Во последните два дена моделот бил проследен од 50.000 лица во Instagram и сето тоа е поради разголените слики, на кои многу личи на својот татко Ранд Гербер. Темата на оваа недела се врти околу тоа како младиот маж ги наследил цртите на мајка си и шармот на својот татко. Според модните критичари, има голема веројатност, многу наскоро, Присли заедно со својата сестра Каја, да ги надминат сестрите Адид во модниот бизнис.

Слични содржини