Сирија и Русија со план: Целосно ослободување на Дамаск, па брутално уништување на секој бунтовнички отпор во земјата

од desk2

Актуелниот план на сириската војска и руската армија е целосно ослободување на околината на Главниот град Дамаск, а потоа на ред доаѓаат и преостанатите упоришта на милитантите северно од Хомс.

Сирискиот министер за национално помирување, Али Хаидар порача дека идната зона на воени операции на сириската армија ќе бидат последните упоришта на милитантите на просторот на провинцијата Хомс.

Оваа офанзива сириската армија ја подготвува заедно со експерти од руската армија, но пред да се случи тоа, сириската армија заедно со Русите планира да ја ослободи целата територија во околината на Дамаск.

Главниот град е речиси целосно ослободен, па сега останува уште околината на Дамаск, односно преостанатиот простор јужно од сирискиот Главен град, сега кога Источна Гута после неколку години конечно е под контрола на сириските власти.

Битката во околината на Дамаск очигледно им оди од раце на сириските војници – во изминатите неколку дена бунтовниците се предадоа и на просторот на две енклави североисточно од главниот град, Думаир и источен Каламун, во замена за слободно преминување во провинцијата Идлиб.

Во разговор за британската новинска агенција „Ројтерс“, Али Хаидар потврди дека после просторот јужно од Дамаск, сириската армија ќе тргне во офанзива кон последните упоришта на милитантите северно од градот Хомс во истоимената сириска провинција.

Секако, ваквиот голем успех не дојде „преку ноќ“ – сириската армија со години ги држеше милитантите под опсада, посебно во Источна Гута, но сега кога таа област е ослободена, за сириската армија се чини дека останува да ја заврши најлесната работа.

Слични содржини