Сирија не е вредна за директни преговори со Вашингтон

од desk2

 

Американската амбасадорка на САД во Обединетите нации, Ники Хејли, вели дека САД нема да разговара „еден на еден“ со сирискиот претседател Башар ал Асад.

Таа во интервју за CBS рече дека Сирија до сега одбивала да учествува во мултилатералните преговори како дел од политичкиот процес во кој посредуваат ОН, и додаде дека Русија треба да ја испорача Сирија на преговарачката маса.

Меѓутоа, Хејли рече дека Сирија не е „вредна“ за директни преговори со Вашингтон, пренесе Ројтерс.

„Нема да имаме директни преговори со Асад“, вели Хејли.

Слични содржини