Над 180 лица се убиени во Сирија уште од  првиот ден откако беше и официјално прогласен  делумниот прекин на огнот во земјата. Половина загинале во напад на групацијата Исламска држава во северните делови на земјата, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

сирија

Во нападот на ИД врз сирискиот град Тел Абад на границата со Турција, како и врз околните градови и села, се убиени 70 џихадисти, 20 курдски борци и десет цивили. Уште 25 цивили се убиени во престрелки и бомбардирања на други места на земјата.

Бидејќи бил измачуван нехумано, еден човек починал до смрт, а двајца починале прегладнети и без медицинска помош во предградието на Дамаск, Дараја.

Судирите во различни делови на земјата меѓу владините сили, бунтовниците и џихадистите од ИД загинале вкупно 50 борци од различни групации, додава Центарот.

Примирјето, со поддршка од  Русија и САД стапи во сила на полноќ во саботата.

Слични содржини