Вториот пилот на соборениот од турските воздухопловни сили руски авион Су-24 е откриен од сириски владини војници, соопшти телевизијата “Ал Мајдин”. Засега нема потврда на оваа информација од официјален извор.

авион руски

Вчера руското Министерство за одбрана ја потврди смртта на едниот од пилотите, стрелан во воздухот од сириски опозициски делови. Вториот сепак не беше откриен, а сега извори од регионот известуваат дека тој бил откриен на територијата контролирана од опозициски воени формации и бил изваден од таму од сириски војници.

Слични содржини