Сириските бунтовници ќе продолжат да се борат против владата ако пропаднат разговорите во Астана

од Vladimir Zorba

Сириските бунтовници изјавија дека ќе продолжат да се борат, ако мировните преговори кои почнаа денеска во Астана, главниот град на Казахстан, пропаднат. Ова го изјави еден од портпаролите на опозицијата Осама Абу Зејди.

“Ако преговорите имаат успех, тогаш ние ќе се приспособиме на преговорите. Ако сепак, не дадат резултат, за жал ние нема да имаме друг избор освен да продолжиме со борбите “, рече тој, цитиран од меѓународните агенции.
Kоментарот дојде откако бунтовниците одбија да земат учество во директни преговори со режимот. По одбивањето сепак, не беше јасно дали тие би разговарале лице в лице со претставници на сириската влада во подоцнежна фаза од средбата во Астана. Ако тоа се случи, тогаш за прв пат од почетокот на конфликтот во Сирија, претставници на вооружените бунтовнички групи и претставници на режимот на Асад ќе се ангажираат со директни преговори.

Слични содржини