Сириските бунтовници не сакаат Русија да посредува во мировниот процес

од Vladimir Zorba

timthumb-2

Главните сириски бунтовнички групи денеска соопштија дека се интензивираат бомбардирањата на руските и сириските авиони врз Алепо, со што осуден е на неуспех каков било мировен процес.

Соопштението е потпишано од  над 30 групи на бунтовниците, меѓу кои и најголемите фракции поддржани од Турција, сунитските држави од Персиски Залив и Западот.

Бунтовниците истакнуваат дека не можат да ја прифатат „Русија како посредник, бидејќи е партнер на сирискиот режим во злосторствата против нашиот народ“.

Тие тврдат дека сириските сили поддржани од Русија употребуваат напалм и хемиско оружје, за што не ги казнува меѓународната заедница./а1он

Слични содржини