Сириските сили презедоа контрола на повеќе од 90 отсто од Рака

од desk2

Борците на бунтовничката коалиција Сириски демократски сили презедоа контрола над 90 проценти од територијата на градот Рака, кој беше главно упориште на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија и важеше за престолнина на самопрогласениот „Исламски Калифат“, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права со седиште во Лондон.

– Благодарение на масовните воздушни напади на силите на (меѓународната антиџихадистичка) коалиција, во текот на изминатите 24 часа ИД се повлече од најмалку пет реони, изјави првиот човек на Центарот, Рами Абдел Абурахман.

Според него, на овој начин борците на Сириските демократски сили успеале да преземат контрола на над 90 проценти од Рака.

Сириските демократски сили се коалиција составена од арапски и курдски бунтовнички групи, кои имаат поддршка од меѓународната антиџихадистичка коалиција предводена од САД.

Слични содржини