Сириските ВВС се топат по жестоките борби со терористите, со каква борбена авијација сега располага Башар Асад?

од Vladimir Zorba

Сириските ВВС секогаш се сметаат за армиска елита. До почетокот на граѓанската војна во 2011 година пилотите ја одржуваа својата подготвеност на високо ниво и имаа сериозно воени искуство од конфликтите со Израел и во Либан. До пред 6 година ВВС на Асад броеја 575 авиони и хеликоптери, но сега тие се не повеќе од 200 и при тоа само околу 120 машини се во формациска употреба.

Тогаш и сега:

70 фронтови ловци МиГ-21, сега се останати 40 авиони;
40 повеќенаменски борбени авиони МиГ-23 различни модели, повеќето се изгубени за време на задачи, заробени на аеродроми и целосна истрошеноста на ресурси;
30 ловци-пресретнувачи МиГ-25, сега се останати 2 летала со контроверзна подготвеност;
30 ловци четвртата генерација Миг-29, сите се во формацсика употреба;
30 ловци-бомбардери Су-22, повеќето се изгубени;
20 фронтовски бомбардери Су-24, во формациска употреба се 15 авиони;
40 чехословачки авионот L-39, изгубени се половина, користени како благи бомбардери до 2016 година
30 хеликоптери Ми-25, останале 15;
30 француски хеликоптери SA342L, не се користени во конфликтот поради недостаток на резервни делови;
130 повеќенаменски транспортни хеликоптери Ми-8, погодни се само околу 50;
Не многу транспортни авиони Ан-24, Ан-26С и Ил-76.
Според сириската команда, главната причина за загубите на авионите не се зенитните ракети (ПЗРК) и или лансери, а најмногу поради интензитет на летовите (практично секојдневно), сложените услови за работа (недостаток на фабрична поправка и база).

Што се однесува до базирани, сириските ВВС се концентрирани на 6 авиобази: во реонот на Дамаск, недалеку од Хомс и Палмира, во Алепо, во близина на Латакија и Дејр ез-Зор.
Тие работат главно во Централна и Западна Сирија.
Како резултат на тоа Дамаск бил принуден да ја искористи целата расположива воздухопловна техника, вклучувајќи и застарена. Авијацијата одигра важна улога Сирија да не се претвори држава дух како Либија.
Еве неколку примери за поважни операции: На 20 март 2014 година Су-24 нанел прецизен удар врз позиции на екстремистите и така е спасена од рушење древната тврдина на Орденот на Малтешки ред “Нога де Шевалие”. Во фомираната пукнатина се протнале сириските специјалци и ги убиле таму противници.
На 6 јануари 2016 година и на 29 март 2016 година сириските ВВС (со руска поддршка) во суштина спречиле пад на Дамаск, уништувајќи ги навлезените сили во околината и големи противнички вооружени единици.

Исламистите оцениле по дејството на ВВС и секогаш се обидувале по секоја цена на сè да ги уништат авиобазите со ненадејни удари.
Регистриран е единствен случај во Дејр ез-Зор, кога Миг-21 неочекувано излета за време на интензивен минохфрлачки оган и едвај се одлепил од бетонот на патеката, а потоа ги бомбардирал екстремистите на неколку стотици метри од аеродромот.
Авионите на 675-а и 677-а ескадрила бомбардери одиграле клучна улога во ограничувањето и уништувањето на значителни сили на ИД во сириската пустина.
Искуството од оваа војна нагледно покажа значењето на сателитското разузнавање и на современите БЛА системи..
На пример на 27 јули 2016 година сириските ВВС нанеле моќен удар врз село во источна Хама, каде по информации на армиско разузнавање бил распоредени одред на ИД.
Сите идентификувани биле уништени. Генерално сириските ВВС не успеале да го свртат текот на војната, па затоа нивните успеси можат да се оценат како тактички победи. Само со интервенција на руските воздухопловни сили ситуацијата во земјата се променила радикално.
Иднината на воената авијација на Асад е под големо прашање. Сега Дамаск нема ниту финансиски ресурси, ниту технички можности да купи модерни борбени авиони.
Познато е дека пред конфликтот Сирија склучи договор со Русија за испорака на 36 лесни транспортни авиони Цц-130, 24 парчиња Миг-29 и неколку тешки пресретнувачи МиГ-31. Поради недостиг на средства испораките не се направени.
Излегоа пораки дека Русија на неповратна основа се донесени десет Су-24, но руското МО ниту потврди ниту го оспори.
И уште нешто многу важно: Москва не е уверена дека сириските пилоти ќе можат ефикасно да ја користат новата воздухопловна техника, што негативно ќе се одрази врз имиџот на новата руска техника.
Освен тоа, може да се повтори историјата со Египет: откако доби доволно помош од СССР, Каиро се почувствува самостоен и го сврте грбот на Москва.

Слични содржини