Сиромашни се 22,8% од четиричлените семејства во Македонија

од desk3

Стапката на сиромашни лица во Република Македонија во 2015 година изнесуваше 21,5 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

1-kako-mozhete-da-im-pomognete-na-bezdomnicite-i-siromashnite-vo-makedonija-www-kafepauza-mk_

Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2015 година е 22,8 отсто. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапката на сиромашни вработени лица е 9 проценти, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,2 проценти.

Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 33,8 проценти.

Основа на пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход.

Државниот завод за статистика, го пресметува индексот врз основа на податоците од Анкетата за приходи и услови за живеење која се спроведува во согласност со препораките на Европската унија./МИА

Слични содржини