Системот за автоматско споирање станува задолжителен за секој нов автомобил

од desk2

Сите нови автомобили во ЕУ ќе мора да бидат опремени со систем за автоматско сопирање (AEB). Ова го изгласа Европскиот парламент, а иницијативата е на Комисијата за транспорт.

За да стапи на сила новиот закон, истиот треба да биде изгласан и од Европската комисија (ЕК), но не порано од март 2018 година. Следствено на тоа, правилото ќе влезе во сила од 2019 година.

Предлог законот влезе во Европскиот парламент, откако Агенцијата Thatcham Research го објави својот извештај. Се наведува дека околу 70% од новите автомобили немаат како стандардна опрема систем за автоматско сопирање во екстремни ситуации.

„Системот за автоматско сопирањеќе ќе ги намали сообраќајните незгоди за околу 38%. Во моментов, само 30% од новите автомобили на европскиот пазар имаат AEB како дел од стандардната опрема. Единствениот начин за подобрување на ситуацијата се промени со помош на законодавството. Така AEB и адатибилниот темпомат ќе станат стандардни системи за секој нов автомобил“, објаснува извршниот директор на Thatcham Research Питер Шоу.

Во САД, производителите на автомобили доброволно се согласија системот AEB да влезе во стандардна опрема во новите автомобили од 2022 година.

Слични содржини