Сите гледаат на другата страна, а Грција и Турција на раб на војна

од desk2

 

Односите на Грција и Турција се на ниво на Отоманската империја, а состојбата е на раб на војна оценува весникот „Christian science monitor“.

Додека сите очи се вперени во Иран и Северна Кореја, двата соседи на Балканот полека се лизгаат кон опасно подрачје во кој и најмало погрешно толкување на потезите може двете земји да ги доведе до сериозен конфликт, кој не исклучува и вооружен судир, оценува весникот.

Потсетува дека тензиите меѓу двете земји Грција и Турција, константно растат во областа на Егејското Море, а тензиите се дополнително подгнати поради тоа што Турција одби да ги пушти двата грчки стражари кои се заробени на границата, на турска територија. Грција тврди дека тие се изгубиле во снежно невреме и ненамерно преминале на турска страна, а Турција ги смета за шпиони.

Исто така, причина за напнатост се и постојаните воени вежби на копно и на море, низ границата со Турција, како и најавата на Грција дека кон границата со Турција ќе упати 7.000 војници.

Грција и Турција се препукуваат и на небо. Минатиот месец грчки и турски авиони за малку ќе влезеа во воздушниот простор на соседот, па затоа Турците испалија предупредувачки куршуми, а Грците кон Турците, кога нивниот авион беше во близина на грчкиот простор.

Бројот на провокации на островите во Егејското Море не може ни точно да се преброи.

Сега е прашање колку работите се лоши? Многу лоши, оценува „Christian science monitor“ и истакнува дека ни едно спорно прашање меѓу двете земји не е решено од 1996 година, како разграничувањето на море, како ни прашањето за Кипар.

Судејќи според се, ни сегашните власти нема да ги решат овие проблеми, а како пример се наведува тоа што во Грција министер за одбрана е десничар кој за Ердоган вели дека е „лудак“, додека властите во Анкара се националистички настроени. А бидејќи се ближат изборите во турција, ситуацијата че биде уште поосетлива.

Грчкиот министер за надворешни работи веќе предупреди дека Турција се приближува до црвената линија.

Аналитичарите на „Christian science monitor“ оценуваат дека целокупниот однос меѓу Турција и Грција станал толку напнат што и најмало недоразбирање, погрешна процена или потег може да доведат до вооружен судир. Како веројатно сценарио ја поставуваат ситацијата дека лесно може да се случи на пример, грчки авион да собори турски кој му се приближува со што директно ќе влезат во оружен судир.

Слични содржини