Сите христијани годинава Велигден го слават заедно

од Vladimir Zorba

Дали некогаш сте се запрашале зошто недела за Велигден може да падне помеѓу 22 март и 25 април? И зошто источните православни цркви го слават Велигден на различен ден од западните цркви?

Во сржта на проблемот лежи многу едноставно објаснување. Најстарите верници во малоазиската црква сакале да го задржат одбележувањето на Велигден во корелација со еврејскиот Пасха затоа што смртта, погребувањето и воскреснувањето на Исус Хирстос се случиле по Пасха, па тие сакале секогаш Велигден да се слават по Пасха. А затоа што еврејскиот календар на празници е заснован на соларните и лунарните циклуси, секој празник се менува, а датумите се преместуваат од година во година. Оттука објаснувањето станува уште покомплицирано.

Денес во западното христијантсво, Велигден секогаш се слави во недела, веднаш по полна месечина на Пасха во годината. Грешно претходното тврдење дека „Велигден секогаш се слави во недела веднаш по првата полна месечина по пролетната рамнодневица“. Ова било точно се до 325 г.н.е.; но со текот на времето, (од 325 г.н.е. на Соборот во Никеа) западните цркви одлучиле да воспотават постандардизиран систем за одредување на датумот за Велигден.

Всушност, датумот за полната месечина на Пасха се одредува според историски табели и нема никаква поврзаност со лунарните циклуси. 

Во историјата, западните цркви го кристат Грегоријанскиот календар за да го пресметаат датумот за Велигден, а источните христијански цркви го користат Јулијанскиот календар. Ова е делумно причината зошто понекогаш датумот паѓа на ист ден. Велигден и поврзаните со него празници не паѓаат на фиксен датум, ниту во Грегоријалскиот, ниту во Јулијанскиот календар, и тие се подвижни (менливи) празници. Наместо тоа, датумите се засновани на лунарниот календар, кој е многу сличен на хебрејскиот календар. Иако некои источни православни цркви не само што ги одредуваат датумите за Велигден според Јулијанскиот календар, кој се користел за време на Првиот екуменски собор во Никеа во 325 г.н.е. тие исто го користеле и актуелниот (во тоа време) астрономски календар за одредување на полна месечина и актуелната пролетна рамнодневица као што се набљудувала долж мердијанот на Ерусалем. Ова го комплицира пролемот заради неточноста на Јулијанскиот календар и 13-те дена кои се предмет на расправи уште од 325 г.н.е. Ова значи, со цел да се остане во корелација со оргиналната табела воспоставена во 325 г.н.е. и пролетната рамнодневица, православниот Велигден не може да се слави пред 3 април, кој според Грегоријанскиот калнедар паѓал на 21 март во 325-та г.н.е. Покрај ова, во придржувањето кон правилото кое било воспотавено на Првиот екуменски собор во Никеа, источната православна црква се води според традицијата дека Велигден мора секогаш да паѓа по еврејскиот Пасха, затоа што воскреснувањето на Исус се случило по прославата на Пасха. На крајот православната црква излегла со алтернативно сметање за Велигден на основа на Грегоријанскиот календар и на Пасха, и развиле 19-годишен круг, као спротивност на 84-годишниот круг на западната црква. Уште од раните денови на историјата на црквата, одредувањето на прецизен датум за Велигден е предмет на континуирани дискусии.

 

Слични содржини