Во резиденцијата на ЕУ во Пржино вечерва почна средбата на еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан со лидерите на четирите најголеми партии во земјата ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахемти и Мендух Тачи во врска со исполнување на обрвските од Договорот од Прижино постигнат во јуни оваа година. Претходно денеска Хан имаше одвоени средби со лидерите на четирите партии.

лидерска

На лидерската средба, а и на дел од одвоените средби денеска присуствуваат и евроамбасадорот Аиво Орав, американскиот амбасадор Џес Бејли, а нешто по 17 часот во резиденцијата на ЕУ пристигна и белгискиот посредник во разговорите на работните групи Питер Ванхауте, кој истакна дека се работи секој ден за да се постигне напредок.

– Можам да кажам дека и ноќе работиме. Мора да постигнеме напредок во оваа земја. Секогаш е корисно луѓето да дојдат, да ја видат ситуацијата со свои очи и да зборуваат со луѓето за да формираат сопствено мислење, изјави Ванхауте.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на средбата е придружуван од Мартин Протуѓер, Никола Попоски, Никола Тодоров, Билјана Бришкоска Бошковски и Илија Димовсски, Заев на средбата дојде со Радмила Шеќеринска, Дамјан Манчевски, Рената Дескоска и Оливер Спасовски. Претседателот на ДПА Тачи е заедно со Имер Алиу и Луан Треси, додека Ахмети е придружуван од Артан Груби.

Претходно денеска по одвоената средба со Хан, лидерот на ДУИ Ахмети рече дека исходот од разговорите ќе зависи од вечерашната лидерска средба во резиденцијата во Пржино. Исто така, тој рече дека се уште нема договор за министерските позиции./МИА

Слични содржини