Сите облици и големини се секси на Модната недела во Тел Авив

од desk2

Модната недела во Тел Авив стана платформа за признаени дизајнери и брендови во Израел, како Шаи Шалом, Алон Ливне, Маскит и многу други. Исто така е одлична отскочна даска за новите дизајнерски имиња.

На годинашното издание што почна на 11 март, се претстави и славниот дизајнер Банахот со новата колекција костими за капење, кој на модната писта испрати жени и мажи од сите облици и големини, покажувајќи дека сите се секси, без дискриминација и притисок да се има „совршено тело“.

Израелскиот дизајнер се приклучи кон листата светски имиња кои покажаа диверзитет на модната писта и инклузија во модниот свт воопшто.

На сцената дефилираше и ланската победничка на Евровизија, Израелката Нета Барзилаи, облечена во светложолт костим за капење.

Слични содржини