hqdefault.jpg56П1: Дали ќе продолжите со објавување на материјалите?

Новиот јавен обвинител, со целосни, автономни овластувања ќе ги добие материјалите, кадешто на транспарентен начин, во име на вистината за Македонија треба да бидат процесирани. Паралелно, преку собраниските комисии нивната содржина ќе биде достапна за јавноста. Најважно од се’ што ќе има правна последица по сите докази и аргументи, односно по основ на содржината на веќе објавените материјали и на сите оние коишто докажуваат вина, криминал, незаконско и неетичко делување од страна на власта.

 

П2: Кога ќе биде избран независниот обвинител?

Договорот е во мои раце и ќе биде објавен на веб страната на СДСМ, веднаш после оваа прес конференција, да нема дилеми. Новиот јавен обвинител ќе биде избран на 15-ти септември. Тоа е многу брзо, за да може да ги процесира сите овие предмети.

 

П3: Нели е ова многу под вашите првични барања?

Преговаравме. Ова е договор во интерес на Република Македонија и во интерес на граѓаните. Нашите очекувања беа дека ќе испорачаме гаранции, токму опозицијата да биде гарант на враќањето на демократските институции, нормализирањето на државата, враќањето на корективите во општеството и гарант за слободни, фер и регуларни избори. Тоа беа нашите очекувања. Баравме оставки ги добивме пред неколку месеци. Баравме оставка од Груевски, да не ги спроведува тој изборите, ја добивме оставката. Баравме преодна Влада, еве ја преодната Влада, којашто е гарантор на фер, слободни и демократски избори. Да не заборавиме, изборите се крајниот продукт на овој скоро десетмесечен процес којшто претстои пред нас. Нормализацијата на институциите, нормализација на демократските институции е многу важна работа за којашто треба да се впрегнат сите сили, на целото демократско општество, на граѓанскиот сектор којшто се одважи во овој период, на здружената опозицијата, на интелектуалците и слободоумните граѓани коишто не припаѓаат на ниту една партија. Овој процес треба да ги врати темелите на демократска Македонија коишто се изгубени. Тоа е само по себе гаранција на фер, слободни и демократски избори. Но, овој пат, ние сме во Влада, таа Влада нема да ја води Груевски, што е дополнителен гарантор на слободни, фер и демократски избори.

 

П4: Ќе успеете ли сето ова да го завршите за само 10 месеци?

Нашите очекувања се дека шест месеци се сосема доволни. Но, знаеме со кого си имаме работа, на колку пати знаел да заобиколува. Затоа сме сега вградени внатре, и преку работните групи, и во преодната влада, и внатре во Парламентот и преку сето она што го предвидува Парламентот, преку оние комисии, коишто се мнозинство од опозицијата со претседател од опозицијата. Ќе добиеме, после толку години, независен специјален јавен обвинител. Да му се радуваме на вечерашниот договор затоа што е силна основа за враќање на државата во рацете на граѓаните. Украдена од граѓаните, сиве овие години, имаме шанса да ја вратиме во рацете на граѓаните.

 

П5: Сега бевме кај Груевски на прес. Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го именува премиерот којшто од јануари ќе треба да ги подготви изборите. Дали и вие така го толкувате одговорот? Второто прашање, она што го слушнавме од комесарот Хан, значи ли дека нема да ја загубиме препораката?   

Јас се надевам дека следните чекори, од сите чинители во општеството ќе биде во функција да се задржи оваа препорака. Препораката на Македонија не и треба заради препорака. Таа е само потврда за успешни чекори коишто Македонија треба да ги чекори. Да не заборавиме, европските вредности треба ние да ги почувствуваме што со членство и препорака е само формализација на конечната цел Европа да биде во Македонија, да ја чувствуваме слободата, демократијата, правдата. Тоа е нешто на коешто мора сите да работиме, пред се како граѓани на оваа наша земја, секако со својата одговорност и сите политичари во Македонија. Но, јас ветив, уште на тој 31-ви јануари дека треба да бидеме храбри и радосни затоа што овој процес ќе не доведе до момент кога државата ќе си ја вратиме назад кон граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи новиот премиер но тоа треба да биде човек којшто не е инкриминиран согласно доказите коишто опозицијата ги објавуваше сиве овие месеци наназад.

 

П6: Што ќе биде со случајот „Пуч“?  Велите специјален јавен обвинител за бомбите, но, дали Пуч беше дел од преговорите?

 Се што е поврзано со прислушувањето треба да отпочне истрага новиот специјален обвинител со целосно автономни надлежности. Независен, нов специјален обвинител за сите истраги по сите предмети врзани со прислушувањето, вклучително и над се, поврзано со содржината на објавените разговори и материјалите коишто опозицијата ќе му ги предаде на истиот тој јавен обвинител.

 

П7: Дали е разговарано за МРТВ, за Агенцијата за аудио-визуелни услуги?

Овие детали, во сите овие изминати денови беа тема на преговори и прилично апсолвирани прашања. Работните групи, во коишто и СДСМ и опозицијата ќе учествуваат, треба да ги додефинираат и да ги официјализираат. Се разговараше за МРТВ, за Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, за Антикорупциска комисија, за Управата за јавни приходи, за Бирото за јавна безбедност и други јавни институции. Но, најважно е сите овие препораки, согласно, пред се, на групата експерти предводени од Прибе, колку е можно побрзо да се имплементираат. Колку побрзо се имплементираат толку побрзо ќе дојдеме до демократски институции. Тоа се однесува на судството, на медиумите но и на сите други корективи во општеството коишто ќе го потврдат враќањето на демократските институции во Република Македонија.

 

П8: Дали доказите коишто не ги објавивте, за случаите за коишто невини луѓе лежат во затвор, пред да одат кај независниот јавен обвинител ќе се предадат и на семејствата на жртвите и на семејствата на адвокатите?

 Во делот на транспарентноста, секако, за помош на судските постапки ние стоиме целосно на располагање и адвокатите добија одговор на осудените со примарна пресуда пред Основниот суд, но и на семејствата и родителите на убиените.  Добија одговор директно од нас, така што најважно е што добиваме независен јавен обвинител, кој ќе може да процесуира `се што е врзано, вклучително и со овие материјали, коишто секако ќе бидат во интерес на Вистината за Македонија.

 

П9: Дали ќе им се дадат на семејствата и на адвокатите да ги имаат како докази?

Се што е дозволиво законски, секако ќе биде процесуирано до сите нив.

 

П10: Дали ќе сте сигурни дека овој договор што е потпишан сега нема да се нарекува како мартовскиот договор тоалет хартија?

 Овој договор е гарантиран од меѓународната заедница, многу силно, многу поинаку од кога било, но е гарантиран и од нас, опозицијата и заедно Граѓаните за Македонија. Апсолутно, секој неправилен чекор, повлекува неправилен чекор на другата страна. А гарантот е овде, да го гарантира целиот процес. Јас не очекувам дека некој ќе измрда некој дел, кој било потписник на овој договор, затоа што овој договор е направен пред `се во интерес на Република Македонија и на граѓаните на Република Македонија.

 

П11: Г-дине Заев, албанскиот блок брифира и изјавува јавно дека спорот за името е дел од преговорите, дали дека е сега на маса, или ќе се решава во подоцнежната фаза… спорот за името дали ќе се реши?

 Второ-јунскиот договор е објавен, ова е она што недостасуваше од второ-јунскиот договор и вечерва ќе биде објавен. Во целиот овој документ се е опишано, што е цел на договарањето. Брифинзите коишто доаѓаа од учесници во преговорите, се однесуваа пред се на унапредување на добрососедските односи, унапредување на етничките односи во државата и унапредување на евро-атлантските интеграции. Тоа е тоа што, некако на некој начин, јас го толкувам како брифинзи од политичарите од албанскиот блок. Таму не постои никаде, ниту пак се разговараше на маса, дека таа преодна Влада би преговарала за името. Никаде не стои. Знаете дека, прво решавањето на спорот околу името не зависи само од Република Македонија, зависи и од Грција, ај да видиме дали се таму до крај решени работите, второ, не знаеме целиот овој период што ќе биде испорачано пред нас – но вистината е таа, ниту се споменало, ниту се разговарало, во целиот овој неколкумесечен период на преговори, за проблемот околу името.

 

П12: Што бараа албанските партии да се вметне во овој договор, во интерес на нивните гласачи, но и на целата држава?

 Овој договор ги опфаќа буквално сите граѓани, без разлика на политичка, етничка, верска, или каква било определба. Заложбата е на сите партиципиенти во преговарачкиот процес, за постигнување на овој договор. И она што е најважно, мора истражувачкото новинарство ова да го следи, вие сте совеста на ова општество, имплементациите на препораките од меѓународните извештаи – таму се споменува, процес Глава 23 и 24, многу драгоцени за Македонија, Извештајот на Прибе, High level accession дијалог којшто се отвора, за којшто се гарант сите поголеми партии внатре, тоа е драгоцена работа во којашто треба да бидат очите вперени на сите.

hqdefault.jpg55

 П13: Груевски пред некое време велеше дека ниту тој ќе си поднесе оставка, ниту пак ќе даде некој министер, што го премисли?

 Вистината. Вистината за Македонија е толку силна од којашто бегање нема. Отворивме храбар и решителен проект, го нарековме Вистината за Македонија, проект којшто ја охрабри Макеоднија, за застана храбро на нозе, со силна верба кон добра иднина за нас и за нашите деца и внуци. Таа Вистина за Македонија, треба од денеска да ја гледаме сите од позитивен аспект на идното време. Овој договор е во интерес на Македонија и на граѓаните на Република Македонија. Можам да употребам лоши зборови овде, но давам шанса на позитивен процес, на позитивни месеци, коишто ќе ги нормализираат сите институции во државата, ќе ги вратат демократските институции, ќе ги вратат демократските корективи во општеството. И како нус продукт на крајот, ќе добиеме слободни, фер и регуларни избори. Да гледаме позитивно на оваа работа, затоа што, за Македонија се работи.

 

 

 

 

Слични содржини