Катица Јанева, чие име излезе во јавноста  од ноќешниот договор на партите од власта и опозицијата,  ќе биде специјалниот обвинител задолжен за истражување на случаите „Пуч” и „Прислушување“.  Новинарите дури и се “разочараа“ од Гугл затоа што многу малку информации можат да се пронајдат, а  уште помалку фотографија.

van_haute1

Таа во моментов е јавен обвинител во Гевгелија. Иако зад себе нема големи предмети бидејќи такви и не се распоредуваат во гевгелиското обвинителство, таа се смета  за добро обучена, професионален и искусен обвинител, кој не трпи притисоци и секогаш  има свој став и е самостојна во  носење на одлуките.katica_janeva_slika_vo_statija

Обвинителката Јанева има 50 години и ја има завршено високата обука за борба против мафијата, корупцијата и организираниот криминал во Италија и таа е и едукатор во Академијата за судии и јавни обвинители. Потекнува од семејство на познат судија, кој бил и претседател на основниот суд во Гевгелија. Нејзиното именување е директен предлог на олеснувачите на преговорите. За заменик обвинител во Гевгелија е избрана 2003та година а минатат година е реизбрана на функцијата Обвинител во гевгелиското обвинителство.

 

Слични содржини