Сите вработени во српска амбасада во Скопје се повлечени на итни консултации во Белград

од Vladimir Zorba

Амбасадорка  на Србија во Скопје Душанка Дивјак Томиќ  синоќа изјави   дека  не може да ја коментира  постапката и дека новнарите треба да побараат информација од српското МНР и министерот Ивица Дачиќ. Таа за  агенцији Бета изјавила дека не може да коментара на СМС порака која ја добила од дописникот од  Скопје и упатила на официјална комуникација со срското МНР.

Сите вработени во српска амбасада во Скопје се повлечени на итни консултации во Белград. Засега нема информации која е причината за повлекувањето. Амбасадата е празна, а обезбедувањето на објектот е засилено од страна на МВР.

Од македонското МНР велат дека биле известени дека персоналот од амбасадата ќе се повлече на консултации во Белград, но велат дека немаат информации која е причината за ова.

„МНР на Република Македонија денес доби нота од амбасадата на Република Србија во Скопје, со која сме известени дека персоналот на Амбасадата е повикан на консултации во Белград. МНР на Република Македонија не е запознаена со причините за оваа одлука и во тој правец воспоставува комуникација со МНР на Република Србија во насока на утврдување на причините за оваа постапка. Согласно релевантните одредби на Виенската Конвенција за Дипломатски односи, соодветните институции на Република Македонија преземаат мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на амбасадата на Република Србија во Скопје“, се вели во синоќешното соопштение  на МНР.

За денеска се очекуваат одговори за постапката од страна на министерствата  во Скопје и Белград .

Слични содржини