Сите зборуваат за Макроновата 24 години постара сопруга, но кои се нејзините деца?

од Vladimir Zorba

Брижит пред бракот со Макрон била мажена за банкарот Андре-Луиз со кој има три деца, синот Себастијан (42) и две ќерки , Лоренс (39) и Тифани(32).

Франција го доби новиот претседател Емануел Макрон, кој победи со 66,1 % освоени гласови. Неговата политика на реформи, проевропски и „трет пат“ ги привлече бирачите , кои одлучија како на ново лице на политичката сцена да му дадат шанса да им покаже што може да направи за нив и земјата. Меѓутоа , политиката не е единственото што ги интересира граѓаните на Франција, а се однесува на новиот претседател. Неговиот приватен живот бил предмет на интересирање од кога се кандидирал на претседателските избори, а се поради фактот дека неговата соруга Брижит Макрон Троње е дури 24 години постара од него. Тие се венчани веќе 10 години, а Брижит од првиот брак има три деца, две преубави ќерки и син, кои играа активна улога во кампањата на својот очув.

Емануел Макрон својата сопруга Брижит ја запознал додека одел во  средно училиште, а таа била негова професорка. Се запознале додека работеле на еден школски проект и тогаш се зближиле.Таа водела дрмски клуб, а Емануел кој бил голем вљубеник во книжевноста и сакал и самиот еден ден да стане писател, одел на нејзините часови. Романсата процветала додека работеле на училишната претстава, а самата Брижит вели дека ги споило пишувањето.

Неговите родители се противеле на нивната врска, па својот син го пратиле во Париз, да заврши средно училиште. Пред да замине Макрон со 17 години и ветил на својата професорка дека еден ден ќе се ожени со неа и 13 години подоцна го исполнил тоа ветување.

Во периодот на раздвоеност парот секојдневно се слушал по телефон, а Брижит рекла дека тој со време успеал да го сруши секој нејзин отпор и дека ја освоил со трпение.

Нејзиниот маж бил многу понижен кога ја открил вистината за нивната врска, а дознал сосема случајно бидејќи соседите му јавиле дека младиот Макрон често наминува во нивната куќа. Веднаш донел радикална одлука и се иселил од семејниот дом. За жал , ги изгубил врските, угледот и парите. Нивниот развод е завршен 2006 год.

Веќе наредната година , Брижит се мажи за Макрон, а во таа прилика тој им се заблагодарил на нејзините деца што ја прифатиле нивната врска, истакнувајќи дека не се нормален пар, но се пар кој постои.

Брижит пред бракот со Макрон била мажена со банкарот Андре Луиз со кој има три деца, синот Себастијан(42) и две ќерки, Лоренс(39) и Тифани (32).

Себастијан е најстарото дете на Брижит, а она што е интересно е дека е постар и од својот очув. Роден е 1975 година и е инжинер специјализиран за статистика, така што бил многу ангажиран во кампањата на својот очув.

Тој од 1996. До 1999 студирал во Националното училиште за статистика и анализа на информации. Наредната година работи како статистичар во Францускиот институт во Париз. Таму бил до 2007 год.

Потоа работи за Кантар Хелт, како истражувач на пазарот и брзо напредувал. Од јануари 2016 година  тој е виш потпретседател на компанијата. Оженет е со убавата бринета Кристел и парот има две деца.

Брижитината ќерка  Лоренс е генерација на Макрон и заедно оделе во средно училиште. Во тоа време во една прилика за него рекла „Во моето одделение е будалата кој знае сè за сè“.

Таа е по струка кардиолог и исто така била ангажирана во претседателската кампања на својот очув. Лоренс е мајка на три деца.

Најмладата Тифани била многу мала кога нејзината мајка Брижит престанала да живее со нејзиниот татко. После својата матура таа заминува во Париз каде студира право. После неколку години студии, станала адвокат, специјалист за трудово право и се вратила во родниот град каде ја изведувала праксата.

На широката јавност ѝ станала позната кога се ангажирала во претседателската кампања на својот очув Макрон. Била особено ангажирана во својот роден град, а позната е и по тоа што редовно го фали својот очув, кого го опишува како „необична  личност“. Таа е мајка на две деца.

Макрон за децата на Брижит и за нејзините седум внучиња зборува со многу љубов. Истакнува дека тој и неговата жена одбрале да немаат деца и дека не смета дека тој избор бил себичен.

„Не ми требаат биолошки деца и внуци за да им пружам повеќе љубов отколку што моментално им давам на овие деца.Нашето семејство е мојата база и мојата карпа“ -рекол тој.

С.В.

Слични содржини