Почетна / Актуелно / Сите жалби поднесени до Апелација досега се одбиени, Латас и Пешевски остануваат без пасош

Сите жалби поднесени до Апелација досега се одбиени, Латас и Пешевски остануваат без пасош

Апелациониот суд почна да ги објавува одлуките по жалбите за мерките што им беа изречени на обвинетите во случаите што ги отвори Специјалното јавно овинителство.

Според објавените одлуки без пасош остануваат уредникот на Телевизија Сител, Драган Павловиќ Латас, поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски, како и вработениот во МВР, Небојша Стојаковиќ, обвинет во случајот „Трезор“, за набавката на опрема за следење преку фирмата „Финзи“.

Мерките за претпазливост остануваат и за браќањата на Латас обвинети во случајот „Тревник“. И денеска продолжуваат јавните седници по жалбите на обвинетите за случаите на СЈО. Иако за поголем дел од обвинетите СЈО бараше притвор, сепак кривичните совети на сите обвинети им одредија поблаги мерки./24 Вести