Специјалното јавно обвинителство побарало изземање на судијата на претходна постапка кој постапува по предметот „Трезор“, соопшти Основниот суд Скопје 1  – Скопје.

sud

– Претседателот на Основниот суд Скопје 1  – Скопје, во рок од три дена треба да одлучи по барањето за изземање на судијата, што е трето по ред барање за изземање на судии од страна на СЈО, што претставува преседан во постапување на јавно обвинителство бидејќи во досегашното работење на судот не било поднесено ниту едно вакво барање од страна на останатите обвинителства, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Во однос на предлогот за определување на мерка притвор, по донесувањето на одлуката на судијата на претходна постапка, јавноста ќе биде дополнително информирана.

Во текот на денов во Основниот суд Скопје на сослушување треба да се појават четири осомничени лица од предметот на СЈО „Трезор“.

– Судии од Одделот на претходна постапка постапувајќи по двата предлога – предлогот за определување на мерка притвор против едно лице и предлогот за определување на мерки на претпазливост против три лица, на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела кои произлегуваат и се поврзани со незаконското следење на комуникациите (СЈО), поврзани со предметот во јавноста познат како „Трезор“, испратија покани до странките и лицата опфатени со предлозите и закажаа нивно сослушување кое ќе треба да се изврши во текот на денот, информираа од Судот.

Предметот „Трезор“ се однесува на економски криминал кој се однесува на злоупотреба на средствата од Буџетот на Република Македонија за што се осомничени три раководни лица во УБК и едно раководно лице во Министерството за внатрешни работи, во врска со набавка на електронско-комуникациска опрема и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија за потребите на 5-та управа при УБК/ МИА

Слични содржини